Песни од Шипинкаровски објавени во весникот „Национал“ во Тирана

Од:

Девет песни на поетот Петко Шипинкаровски избрани од неговата најнова збирка „Никулци во утрините“ се објавени во весникот „Национал“ во Тирана. Избор и препев на песните од македонски на албански јазик направи македонскиот поет и публицист Мустафа Спахиу.

Шипинкаровски е писател, поет, сатиричар, есеист, драмски автор, литературен критичар, публицист и преведувач. Автор е на повеќе од триесетина книжевни дела. Членува во Друштвото на писателите на Македонија, Македонското научно друштво од Битола, надворешен член е на Сојузот на независни писатели на Бугарија и член на поетското движење „Поетас дел Мундо“ од Буенос Аирес.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска