Педесет портрети на македонски жени за промоција на родовата еднаквост

Од:

По повод Меѓународниот ден на жената, Францускиот институт денеска од 18 часот ќе го организира настанот „50 портрети на жени во Македонија посветени на промоцијата на женските права” за да ја промовира родовата еднаквост во општествената и во политичката сфера.

Најавено е присуство на жени од најразлични сфери на делување, кои ќе одговорат на прашањето „На кој начин во вашето секојдневие ги застапувате женските права?“

Фотографот Милан Стрезовски притоа ќе им направи портрет, а највпечатливите 50 портрети ќе бидат изложени во Францускиот институт во Скопје и ќе бидат поставени на неговата фејсбук страница.

– Стереотипите ја попречуваат целосната родова еднаквост. По тој повод, Меѓународниот ден на женските права, којшто се одбележува на 8 Март, е потсетување на секојдневната борба за реална родова еднаквост, која е потребна особено во денешно време. Целта на настанот е да ги покани жените кои преку нивните постојани активности, секоја во своето поле на делување, придонесуваат за родова еднаквост и за унапредување на правата на жените во Македонија, соопшти Францускиот институт.

Би можело да ве интересира

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска

Во Кавадарци отворена еко изложба со хуманитарен карактер

А1он