„Патокази во пустина” – афоризми од Љупчо Силјановски

Од:

„Патокази во пустина” која содржи илјада и еден афоризам е најновата книга на писателот Љупчо Силјановски во издание на „Везилка 2011”.

Авторот во предговорот на книгата објаснува како почнал да пишува афиризми, а во врска со патоказите во насловот вели дека во младоста бил фасциниран од поезијата на француските симбоилисти, а особено од Бодлер.

-Никогаш не ги заборавив неговите стихови од збирката „Сплин“: „Во пустината на духот оаза на очајот. Веќе погодувате каде целам со овие патокази?”, наведува Силјановски.

Тој е поет, раскажувач, драматург, ТВ-автор, сатиричар. Автор е на три романи, две книги раскази и две драми, како и на поетските книги „Јагула”, ,,Зимски обед”, „Церебрална спална”, „Лична карта”… Објавил и десетина книги за деца и младинци.

Би можело да ве интересира

Промоција на книга од папата Франциск на македонски јазик

Промоција на романот „Мина“ од Игор Анѓелков

Во Вевчани ќе биде промовинарана најновата поетска збирка на Димче Шипинкароски

„Македонска историска читанка“ – нова книга на публицистот Иван Глигоровски

А1он

Промовирани две книги од Славе Катин во Торонто

А1он

Промоција на „Математичка поезија“ од Даниела Андоновска-Трајковска