„Panta rhei“ изложба на скулптури од Марјан Стојаноски

Од:

Последното ликовно достигнување на академскиот скулптор Стојаноски е насловено „Panta rhei“. Овој опус скулптури има современ призвук кој наликува на пат кон иднината, кон непознатото. Идејниот израз на авторот е отелотворен визуелно во метал. Делата поседуваат динамизам, тие се асоцијативно- ротирачки формации кои претставуваат рефлекс од едно друго време, рефлекс од безвременоста, рефлекс од вселената.

dobivaj vesti na viber

Кругот, неговата моќ и неговото симболистичко сфаќање раскажуваат за panta rhei. Феникс, повторно раѓање, издигнување од пепелта е наративно пораката што ја носи оваа изложба. Стојаноски е патник низ времето, тој волшебно ја менува својата стварност оставајќи траг кој сведочи за творечка физиономија создадена во духот на новото време.

Мирјана Крстева Массетти

Биографија: Марјан Стојаноски е роден во Прилеп 1983 година. Средно образование завршува во уметничкото училиште„Лазар Личеноски” во Скопје. После завршување на средно образование, се запишува на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, во класата на професорот Ибрахим Беди, каде што под неговото менторство го завршува факултетот. Член е на друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Во два наврати е претседател на друштвото на ликовни уметници од Прилеп (ДЛУП) каде што во 2015 година, ја добива наградата за скулптура „Јордан Грабул” од друштвото на ликовни уметници од Прилеп. Има реализирано голем број на изложби, како самостојни, така и групни изложби. Живее во Прилеп, каде што работи во Центарот за Култура „Марко Цепенков”.

Изложбата ќе биде отворена до 24 мај.

Би можело да ве интересира

Скулптура на штипјанецот Никола Смилков дел од уметничкото биенале на Зимските олимписки игри во Пекинг

Ана Ололовска

Изложба на Слободан Милошески во КИЦ

Ана Ололовска

Во Прилеп изложба на скулптури за 50 години на Интернационалното студио за пластика во дрво

Ана Ололовска

Во Гевгелија отворена изложба на цртежи и скулптури од Ранко Дакиќ

Ана Ололовска

Отворена изложбата „Откривање на иднината: Археологија на модерноста“ од Петар Хаџи Бошков

Ана Ололовска

„Проткаени сеќавања“ изложба на скулптури на Слободан Милошески во Софија

Ана Ололовска