Во Прилеп изложба на скулптури за 50 години на Интернационалното студио за пластика во дрво

Од:

По повод 50 години на Интернационалното студио за пластика во дрво во рамките на Центарот за современа ликовна уметност, во ликовниот салон во прилепскиот Центар за култура „Марко Цепенков“ е отворена ретроспективна изложба на скулптури во дрво изработени во текот на 50 години континуирано ликовно творештво. Освен скулптурите во дрво, се изложени и фотографии на дел од изработените скулптури. Најмногу од скулптурите се поставени во институции низ државава.

Јана Јанеска Ристески, историчар по уметност од Центарот за современа ликовна уметност нагласи дека ликовните работилници континуирано оставаат уметнички дела кои на очигледен начин ја отсликуваат нивната креативност, уникатност и нивниот иновативен карактер.

– Уметничките дела се впишуваат во современите уметнички трендови, дела кои се доста сугестивни, кои отвораат простор на индивидуална авантура, отвораат нови перспективи и имаат вредност да инспирираат нови концептуални решенија за идните генерации, рече Јана Јанеска Ристески.

Центарот за современа ликовна уметност од Прилеп, во континуитет секоја година, прави одличен избор на уметници од домашната, но и од меѓународната уметничка сцена, од кои дел се познати и во светски рамки. Богатството кое Прилеп го добива преку ликовните изрази е наследство кое останува за идните генерации.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“