Овации за Фен Мо во Велес на отворањето на сезоната и Година на танцот

Од:

Вчера вечер на сцената на Народниот театар во Велес, пред полн салон, се отвори сезоната и „Годината на танцот 2018“ со претставата „Фен Мо“ од Пекинг, Кина, која беше проследена со овации.

Претставата „Фен Мо“ е дел од годинешната програма на фестивалот Танц Фест.

Следната претстава е на 24. јануари во 20 часот на сцената на Македонскиот народен театар во Скопје.

Пекиншката академија за танц е на европска турнеја двеасет и два дена и ќе има гостувања во пет земји: Македонија, Србија, Бугарија, Полска и Унгарија.

Претставата „Фен Мо“ е инспирирана од поговорката од книгата „Записи за сликарството од сите династии” од Јан Јуан Занг од Танг династијата (618-907), која гласи вака: „Ако еден сликар користејќи го мастилото може да алудира на петте бои, тогаш тој ја знае есенцијата на сликањето, но никако не смее да се фокусира само на боите, бидејќи ќе се оддалечи од суштината“.

Кореографот низ движењата на танчерите пробува да ја оживее уникатната естетска форма на кинеското сликарство. Начинот на кој што мастилото се соединува со оризовата хартија, а воедно и неговото разградување во различни нијанси на светло и темно, мокро или суво, пригушено и интензивно, е ист со движењето на телото на танчерот: вдишувањето и издишувањето, во движење или мирно, брзо или споро, качувајќи се или паѓајќи. Во кореографијата се користат традиционални кинески елементи како „здив“, „штаки“, „коса“, „ракави“, „меч“, „лепеза“, „чадор“ и „фустан“ за да се пренесат чувства на пријателство, тага, огорченост, навреденост, извонредност, опуштеност и љубов во кинескиот спиритуален свет, во кои е содржана есенцијата на кинеската класичност.

Претставата се состои од пет слики, во неа учествуваат триесет и пет танчери, а продукцијата е на Пекиншката академија за танц, која е најгоемата кинеска академија за танц, која ја посетуваат преку две и пол илјади студенти. Компанијата, со поддршка на Министерство за култура на НР Кина е на европска турнеја, за гостувањето во Македонија организатор е Интерарт културниот центар, во соработка со амбасадата на Народна Република Кина во Македонија.

Танц Фест Скопје во „Годината на танцот!!!” ќе има претстави и настани низ целата година, со цел да го промовира современиот танц како една од примарните уметности на 21 век. Програмата ја одбележуваат гостувања на извонредни претстави од странство, домашни продукции, работилници за современ танц, како и дебати и конференции.

Акцентот на случувањата, секако, повторно ќе биде во месец април, кога фестивалот ќе презентира претстави од Франција, Словенија, Швајцарија, Латвија, Литванија, Словачка, Полска, Унгарија, Австрија, Чешка, Хрватска, Македонија во период од дваест и пет (25) денови без прекин. Програмата во април ќе се одвива во три градови – Скопје, Велес и Штип, а 2018 Година на танцот!!! ќе се промовира и низ повеќе други градови во Македонија, кои со специјално подготвени настани ќе ја одбележуваат оваа, посебна година за современиот танц кај нас.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Ана Ололовска