Отворена изложбата „Мојот универзум“ по повод Меѓународниот ден на лица со хендикеп

Од:

Изложбата „Мојот универзум“, со која Националната галерија на Македонија (НГМ) го одбележува Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби 3 Декември, беше отворена денеска во галеријата Чифте амам.

Изложбата е работена по моделот социјална инклузија. Станува збор за ликовни работилници кои НГМ ги организираше во соработка со три средни училишта – скопските гимназии „Орце Николов“ и „Јосип Броз Тито“ (учениците од Меѓународна матура) и училиштето „Партенија Зографски“ за деца со оштетен слух и говор. Изложбата на изработени дела ќе може да се посети во наредните денови.

– Изминатиот месец имаше неколкудневни ликовни работилници во кои децата сликаа на стакло, работеа со коноп, се дружеа и изработуваа преубави ликовни творби, рече Маја Димитрова, едукатор во Националната галерија на Македонија.

Додаде дека Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби НГМ го одбележувала и изминатите години, но првпат на овој принцип. Со оглед на тоа дека децата, како што рече, уживале и се запознале меѓусебно, се надева дека вакви изложби ќе има многу повеќе во следниот период.

– Ние, како Национална галерија на Македонија, ги отвораме вратите кон ранливите категории и организираме изложби. Една од нив што ја организираме со години е по повод Светскиот ден на аутизмот, истакна Димитрова.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“