Отворена изложбата „Кумановски ликовни уметници“

Од:

Во Уметничката галерија во Куманово вчера вечер беше отворена изложбата „Кумановски ликовни уметници“. На изложбата, која годинава слави јубилеј 60 години учествуваат 27 уметници од различни генерации кои креираа дела работени во различни техники, акрил на платно, масло на платно, комбинирана техника.

– На изложбата учествуваат преставници од различни генерации но заеднички е што сите се од Куманово со што се потврдува дека градот е еден од поголемите уметнички центри во Македионија, изјави директорката на НУ Музеј, Анита Цветановска.

Изложбата ја организираат НУ Музеј Куманово со поддршка на градоначалникот и Советот на општината и Министерството за култура.

– Кумановските уметници се авангардни во својата работа, бидејќи будно ги следат сите трендови и методи на меѓународната ликовна сцена кои ги пренесуваат кај овде, додаде Цветановска.

Првата групна изложба на кумановските ликовни уметници се случила во 1956 година.

Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски на отварањето, рече дека во Куманово се одржуваат бројни колонии и ликовни изложби ,кои општината ги поддржува.

– Чест ми е што ја отворам оваа изложба која годинава одбележува 60 години од постоењето, рече Дамјановски.

Изложбата „Кумановски ликовни уметници“ се одржува во пресрет на Денот на ослободување на Куманово.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска