Отворена изложба на уметницата Маја Јаќимовска во Куманово

Од:

Во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“, вчера вечер беше отворена изложбата на слики „Минливи секвенци“ од авторката Маја Јаќимовска.

Изложбата содржи двесеттина дела работени во масло на платно.

– Оваа е моја прва самостојна изложба. Делата започнав да ги работам кон крајот на моите студии и продолжив да работам и по дипломирањето, изјави Јаќимовска.

Историчарот на уметност од кумановскиот Центар за култура, Роберт Цветковски изјави дека Јаќимовска е мошне интересен автор, бидејќи како основа на своето сликарство го третира вечерното светло и ефектите кое тоа ги произведува.

– Таа тргнува од тој концепт кој потоа го развива, вели Цветковски.

Маја Јаќимовска е родена 1991 година во Крива Паланка. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Добитник е на втора награда на 7. Студентско интернационално арт биенале, а учествувала и на повеќе групни изложби во земјата и во странство.

Изложбата се реализра со поддршка на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“