Oтворена изложба на ликовниот уметник Ангел Миов во Кавадарци

Од:

Изложба на дела од ликовниот уметник Ангел Миов беше отворена синоќа во галеријата при Домот на културата „Иван Мазов Климе” од Кавадарци.

Изложбата е во рамки на традиционалната манифестација „Кавадаречка културна есен”, со поддршка од општината.

– Кавадарци останува град богат со културни настани организирани од трите културни установи. Вечерва ја имаме честа да ги видиме делата на младиот автор за кои се напишани бројни позитивни коментари, рече Владимир Темков, директор на културниот дом.

Миов е професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Роден е 1982 година во Гевгелија. Има бројни самостојни и групни изложби, како и учество на многу колонии и фестивали.

– Делата нека зборуваат, рече авторот, заблагодарувајќи се на можноста да се претстави пред кавадарчани.

Изложбата е во соработка со Дирекција за култура Скопје, која всушност е и носител на проектот „Кич да? Сте или не?”. Директорот на Дирекцијата, Никола Глигоров изрази задоволството што повторно е во Кавадарци, како и пред 12 години кога овој проект ги имал своите почетоци токму во овој град.

– Многу внимаваме при изборот на изложбите, кич секако не, нагласи тој меѓу другото, заблагодарувајќи се за поддршката на Министерството за култура на Република Македонија и Домот за култура во Кавадарци.
За Кавадарци рече дека е град која се одликува со интензивен и квалитетен културен живот.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска