Oтворена фотоизложбата „Лазороска“ на Игор Цветковски во Мала станица

Од:

Во мултимедијалниот центар „Мала станица“ беше отворена изложбата на фотографии „Лазороска“ на фотографот и продуцент Игор Цветковски.

Уметник Гоце Наневски, кој ја отвори изложбата, ја потсети публиката на славните лазоровци: Партениј Зографски, Васил Апостолов Икономов, Исаија Маџовски, Никола Аврамов, Нестор Поповски, Рафе Андоновски, Анатолиј Дамјановски, Симон Дракул и други.

Наневски, подвлекувајќи дека и двајцата со Цветковски потекнуваат од истото прекрасно село Лазарополе, говореше за впечатокот што го оставиле врз него фотографиите на првото гледање. 

На изложбата беше промовирана и фотомонографијата со мотиви од Лазарополе, снимени во сите годишни времиња.

– Низ 100 страни и 64 пејсажни фотографии од Лазарополе од сите годишни времиња, ја изразив потребата на секое човечко битие да и се восхитува на природата во даден момент од својот живот. Фотомонографијата е оживување на душата на природата преку фотографии во боја направени во периодот на Ковид пандемијата во Лазарополе, вели Игор Цветковски, автор на фотомонографијата „Лазороска“.

Монографијата започнува и завршува со зима, фото сведоштва од две пандемиски години поминати во Лазарополе на фотографот Цветковски. Во книгата со скенирање на посебен код може да се чуе звукот на природата низ заживеаната народна песна „Лазороска“ во дип хаус верзија, преработка на младиот композитор Мартин Данчев.

Изложбата ќе биде отворена до крајот на април.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“