Отворен 15. Меѓународен стрип салон „Велес 2017“

Од:

Во организација на Стрип центарот на Македонија-Велес синоќа во велешкиот Ликовниот салон беше отворен 15-от Меѓународен стрип салон „Велес 2017“
На свеченото отворање беше претставена изложба на 192 пристигнати стрип дела од автори од над 40 земји.

Ване Трајков претседател на СЦМ-Велес информира дека годинава имало силна конкуренција за наградите и дека првонаградениот со второ и третонаградените се разликувале за нијанса.

– Интернационалниот Стрип салон во сите изминати 15 години во многу придонесе за развој на стрипот во Македонија и презентирање и откривање на нови стрип автори од цел свет, а посебно на млади автори од Македонија, потенцира Трајков.

Поради отсуство, најголем дел од наградените синоќа не ги примија наградите, а организаторите ветија дека ќе им ги испратат.

Беше доделена наградата „Златен стрип“ на Фран Струкан и Дарко Мацан од Хрватска, како и втората и третата награда.

Еден од ретките што ја прими наградата беше Александар Стеванов кој го доби признанието „Љупчо Филипов“ за 2017 година, кое се доделува за развој и афирмација на стрипот во Македонија.

Наградениот Александар Стеванов, потенцира дека наградата многу му значи бидејќи е насловена со името на починатиот доајен на македонскиот стрип Љупчо Филипов, а кој за жал не успеал да го запознае за неговиот живот.

– За мене наградата ќе значи пред се’, мотив плус за понатамошна работа, рече Стеванов.

Инаку, покрај бројните успеси од минатите години оваа година за Стеванов е значајна по тоа што го објави стрипот/сликовница „Девојче на Месечината“ во издание на „Стрип квадрат“.

Стрип салонот продолжува денеска со предавање на тема „Стрипот и општеството“ од страна на Зоран Стефановиќ-стрип теоретичар од Белград. Ќе се одржи и практична стрип работилница од страна на проф. Владимир Весовиќ од Белград.

Од Стрип центарот на Македонија–Велес ги покануваат сите љубителите на стрипот и стрип уметноста денеска да дојдат во Ликовниот салон во Велес и да се вклучат во работата на годинашната стрип работилница.

Би можело да ве интересира

Судијка и сопственици на аптеки од Велес обвинети за фалсификување

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка во Велес, еден сопатник е полесно повреден

Огништа од БРАКО за вечерните забави на Винтерфест во Велес

Изгаснат пожар на ридот во близина на Филтер станицата за вода во Велес

Катерина Ѓуровски

Мртов маж е пронајден во возило од градскиот превоз во Велес

Тројца велешани нападнале екипа на ЕВН

Горан Наумовски