Отворањето на изложбата „Жените и фотографијата“ се одложува

Од:

Отворањето на изложбата „Жените и фотографијата“ кое беше закажано за вечерва во кумановскиот центар за култура се одлага за наредните седум дена, информираа денеска надлежните од националната установа.

На изложбата, која ја организира Фото клуб „Куманово“, ќе се претстават 37 авторки со околу 50 дела.

– Секогаш кај нас, жените биле поактивни од мажите во фотографијата што покажува и големиот интерес за оваа изложба. Веќе се направи и листа на авторки кои самите бараат да учествуваат на изложбата, уште пред да биде објавен конкурсот. Посетителите ја научија изложбата како 8-мартовски момент и ја посетуваат, изјави претходно Марина Крстиќ од Фото клуб „Куманово“.

Фотографирањето се начин жените да го презентираат својот прозорец кон светот и да ја искористат фотографијата за да испратат гласна порака, за тоа како сакаат светот да изгледа со целиот нивен идеализам, утопизам, болка и меланхолија поради актуалната состојба, велат авторките на фотографиите.

Од Клубот велат дека изложбата е можност да се види напредокот на македонските авторки.

Би можело да ве интересира

Влегло во погрешен автобус, завршило во Скопје – пронајдено шестгодишното девојче од Куманово

Катерина Ѓуровски

60-годишен кумановец загина од експлозија на плинска боца

Сашо Стошевски e нов директор на општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Таравари го разреши директорот на Кумановската болница

Експертски тим ќе утврдува од што почина 32-годишниот кумановец Ведат Адеми

А1он

Приведен сопственик на ноќен клуб од Куманово, пронајдени се пиротехнички средства

А1он