Отворање на македонскиот павилјон на 15. Венециско биенале за архитектура

Од:

Македонскиот павилјон на 15. Биенале на архитектура во Венеција (28 мај до 27 ноември) ќе биде промовиран денеска попладне во историскиот воен локалитет Арсенале. Оваа година претставник на Република Македонија на светската изложба на архитектонски дела  е проектот „Ничија земја“ на проектантското студио „Стоун дизајн“.

Учеството на Македонија е под покровителство на Министерството за култура и на денешната свечена инаугурација на македонскиот павилјон и проект, во 17.30 часот, ќе се обрати министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

„Ничија земја“ е специфична инсталација-објект како одговор на зададената тема на Биеналето „Известувања од фронтот“. Авторите на проектот се Стојан Павлески, Иван Симеонов, Љупчо Тасевски и Ѓорги Радовановиќ. Комесар на претставувањето е Иванка Апостолова, соработници на проектот се Влатко Чавкоски, Натали Павлеска и Ристо Кокалановски, а советници  Јован Шумковски и Станко Павлески.

– Со поддршка од Министерството за култура, архитектонското творештво на македонските автори во континуитет се претставува на овој врвен архитектонски настан, кој ја антиципира и моделира современата архитектонска мисла и кој за време на тримесечното траење е посетен од над еден милион посетители и повеќе илјади новинари и репортери од целиот свет. Учеството на Република Македонија на оваа интернационална манифестација претставува одлична можност за афирмација на македонската култура и нејзините вредности во меѓународни рамки, информира Министерството за култура.

Павилјоните на националните претставници на земјите учеснички се сместени на повеќе локации во Венеција. Меѓу нив е Џардини (каде што се најстарите национални павилјони, вклучувајќи го и централниот павилјон на меѓународната изложба) и Арсенале (стар воен локалитет во кој се наоѓа и објектот Артиљери во кој е лоциран македонскиот павилјон). Некои се сместени и на разни градски локации – улици, згради, плоштади…

Би можело да ве интересира

Венеција почнува да им наплаќа на туристите за влез во градот

Електричен автобус излета од пат во Венеција, 15 повредени

ВИДЕО: Врисоците се претворија во мртва тишина од која се заледува крвта – сведок на несреќата во Венеција

Голема истрага во Италија: Брачен пар од Србија го однесе синот во болница, лекарите не можеа да го спасат

УНЕСКО предупредува: Венеција е во опасност, со години се бори со климатските промени

Водата во главниот канал во Венеција стана флуоресцентно зелена

Горан Наумовски