Отворање на Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“

Од:

На иницијатива на Јадро – Асоцијација на независната културна сцена, денеска ќе биде отворен Културно-социјалниот простор „Центар -Јадро“, лоциран на ул. „Алберт Ајнштајн“ бр.2 во Скопје.

Асоцијацијата соопшти дека идејата за КСП „Центар-Јадро“ настанала од потребата за место, фокус, каде што слободно ќе се изразува урбаниот живот, современите социокултурни практики, простор што ќе создава aвтономни, самоорганизирани содржини што ќе го артикулираат нашиот урбан, интелектуален, критички и творечки капитал.

– Физичкиот простор во материјалната структура на градот секогаш претставува важна точка на секое културно и уметничко настојување. Овој модел е втемелен на партнерство помеѓу локалната власт, Општина Центар, и Јадро Асоцијација и претставува суштинска децентрализација на моќта и единствен пат кон создавање организациска и програмска автономија во дејствувањето во сферата на културата, во рамки на граѓанскиот сектор, но и пошироко, наведува Асоцијацијата Јадро, која од основањето во 2012 година се стреми да го зајакне независниот културен сектор и неговото влијание врз креирањето и практикувањето на културните политики.

Отворањето на КСП ќе се одбележи пред објектот, на отворено, согласно со протоколите за одржување јавни настани, а основачите на прес-конференција ќе ги соопштат целите на институцијата, досегашните достигнувања и понатамошните планови за развој и соработка.

Во рамки на настанот ќе се одржи концерт на Хана Корнети, а ќе биде претставен и муралот „Патување“ на ликовниот уметник Сали Ертунч изработен на фасадата на КСП „Центар-Јадро“.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Хуманитарен концерт за Турција и Сирија во КСП Центар Јадро

Ана Ололовска

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска