НУ Национална опера и балет Скопје, вечерва соопшти дека ја откажува оперската претстава „Кармен“, закажана на 13 март, 2020 година, согласно препораката на Владата да се продолжи со ограничување на јавните собири и настани.
За продолжување на редовниот репертоар од НУ Национална опера и балет дополнително ќе информираат.
Владата на седницата одржана завчера излезе со препорака до 13 март да се ограничат јавните настани со гости од странство, да нема поголеми јавни собири, а спортските натпревари да се играат одржуваат без публика како дел од превентивните мерки против корона вирусот.