Откажан перформансот на режисерот Мартин Кочовски на ИФФК „Браќа Манаки“

Од:

ИФФК „Браќа Манаки“ одлучи да не се реализира вечерашниот перформанс на режисерот Мартин Кочовски.

На денешната прес-конференција во Битола, директорот на Фестивалот Благоја Куновски-Доре истакна дека Фестивалот нe ја ограничува слободата на атрактивниот израз и дека и во иднината ќе ја поддржува.

– Концептот кој беше планиран за перформансот во траење од 5 минути во рамките на програмата за свечено затворање на фестивалот, односно планот на авторите на сцената да остават отпад од неколку килограми праски, сливи, дињи и неколку килограми мед и половина кубен метар огревно дрво, а за кои за да се расчистат од сцената е потребно време со кое се оддолжува почетокот на церемонијалот за доделување на наградите за најдобрите кинематографери на годинaшниот фестивал. Со цел да се избегне ова оддолжување на свеченото затворање за минимум 20 минути потребни за чистење на сметот од сцената и поставување систем на озвучување, ние одлучивме да го откажеме перформансот, истакна Куновски.

На средбата со новинарите директорот на ИФФК „Браќа Манаки“ предочи дека фестивалот никогаш немал намера да ограничи слободата на атрактивниот израз на авторот што како што рече Куновски беше забележливо за време на отворањето на фестивалот кога авторот беше поддржан во реализацијата на пеформансот.

Би можело да ве интересира

140 години од раѓањето на Милтон Манаки: Изложба во рамки на фестивалот нем и класичен филм

Осврт кон 43. ИФФК „Браќа Манаки“: Кинематограферска елита во Битола и одлична филмска програма

Горан Наумовски

„Извидник“ на Алекс Цветков утре го затвора „Браќа Манаки“

Наум Локоски

Оддадена почит на гробот на Милтон Манаки

Наум Локоски

Отворен фестивалот „Браќа Манаки“, Клаудија Кардинале продефилира на црвениот тепих

Наум Локоски

Клаудија Кардинале пристигна во Битола

Наум Локоски