Осумдесет дела во конкуренција за наградите на ДПМ

Од:

На конкурсот за традиционалните награди на Друштвото на писателите на Македонија досега пристигнаа 80 дела објавени во текот на оваа година, информираат од ДПМ.

Книгите конкурираат за наградите „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца и „Мостови“ за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите.

Книгите објавени во тековната година до ДПМ треба да бидат доставени до крајот на овој месец, а наградите ќе бидат врачени во февруари идната година, на свеченоста по повод јубилејот од основањето на Друштвото на писателите на Македонија.

Одлуките за најуспешните остварувања ќе ги донесат жири комисии составени од 15 истакнати писатели, членови на ДПМ од различни генерации.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска