Основци од Кочани на меѓународен поетски фестивал во Трст

Од:

Ученици од ОУ„Никола Карев“ од Кочани учествуваат на 13.Меѓународен поетски фестивал „Замокот на Дуино“ кој се одржува од денеска до 2-ри април во Трст.

Учениците од ОУ „Никола Карев“ освоија специјална награда на оваа светска манифестација на која што учествуваат училишта и поединци од цел свет. Од Македонија награди доби само ОУ „Никола Карев“ од Кочани.

– Оваа година се твореше на тема „Моето наследство“ и ние со учениците одлучивме да твориме за наследствата кои што тие ги имаат добиено од своите баби и дедовци. Највпечатливо беше творењето на ученичката Наде Ефремова која што пишуваше за најголемото наследство кое што сите го добиваме, а тоа е нашата земја и слободата, рече Љупка Стојменова, ментор.

Учениците од тимот Ивона Антова, Василија Коцева, Наде Ефремова, Елена Јакимова и Драгана Насева, задоволни од учеството и од специјалната награда и радосни што ќе можат по втор пат во Италија лично ја подигнат наградата. Ова признание за нив претставува поттик да пишуваат и творат и понатаму и да создаваат дела за паметење.

– Јас и моите четири соученички изработивме книга од сите наши литературни творби кои што беа на тема „Моето наследство“. Наградата ќе ни биде поттик и понатаму да пишуваме и да твориме, рече Наде Ефремова, ученичка во ОУ „Никола Карев“.

Учениците се претставија со изработка на своја поетска книга составена од песни на македонски преведени на англиски јазик. Преводот на англиски јазик е на Панче Атанасов и Марија Дончева, професори по англиски јазик, а техничката изработка на книгата е на Благој Гранков.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска