Оскаровецот Џон Сил пристигна во Македонија

Од:

Доцна синоќа во Македонија пристигна славниот австралиски кинематографер Џон Сил. Тој по долгото патување од Австралија, на скопскиот аеродром стигна заедно со својата сопруга Луиз. Опуштени, добро расположени и пред се’ љубопитни да ја запознаат земјата и фестивалот што ја слави креативната моќ на кинематограферите.

Сил, по кусиот одмор, денеска во Скопје, ќе замине во Битола каде на свеченото отворање на 10 септември, во Центарот за култура, ќе ја прими наградата за животно дело „Златна Камера 300“.

Џон Сил снимил дел од најзначајните остварувања на светската филмска уметност, а во 1997 година освои Оскар за филмот „Англиски пациент“. Тој ги има снимено филмовите како THE TALENTED MR. RIPLEY (1998) и COLD MOUNTAIN (2002), потоа незаборавните DEAD POETS SOCIETY (1988) и WITNESS (1985) . Во 2015 година беше номниран за Оскар за филмот MAD MAX: FURY ROAD.

На фестивалот во Битола, публиката ќе има можност да проследи и разговор/мастер клас со големиот кинематографер Џон Сил.

Би можело да ве интересира

140 години од раѓањето на Милтон Манаки: Изложба во рамки на фестивалот нем и класичен филм

Осврт кон 43. ИФФК „Браќа Манаки“: Кинематограферска елита во Битола и одлична филмска програма

Горан Наумовски

„Извидник“ на Алекс Цветков утре го затвора „Браќа Манаки“

Наум Локоски

Оддадена почит на гробот на Милтон Манаки

Наум Локоски

Отворен фестивалот „Браќа Манаки“, Клаудија Кардинале продефилира на црвениот тепих

Наум Локоски

Клаудија Кардинале пристигна во Битола

Наум Локоски