Во Македонската опера и балет (МОБ) вечер ќе биде изведена операта „Адријана Лекуврер“ од Франческо Чилеа, како дел од програмата на 43. Мајски оперски вечери.
Насловната улога ја толкува светската оперска дива Даниела Деси.
Адријана Лекуврер е најизведувано дело од овој автор и најнова премиера на сцената на МОБ.
Режисер е Енрико Кастиљоне, а диригент Валерио Гали, двајцата од Италија.