Здружениото на граѓани „Совест“ за среда во Охрид најави прес конференција на која ќе побара конечно стопирање на изградбата на Али Пашината џамија, а доколку власта не преземе мерки ќе поднесуваат кривични пријави.
– И покрај сите наши укажувања, надлежните институции инволвирани во нелегалните градежни работи на и околу Али пашината џамија во Охрид, продолжуваат со својот молк и непреземање на соодветни акции и стануваат соучеснци во опасни криминални активности. Наместо реставрација и конзервациаја, на локалитетот во најстрогиот центар на Охрид се извршуваат градежни рааботи, а за нив нема дозвола од ниедна институција.
Актуелниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и покрај јавно дадениот збор, дека министерствто ќе ги прекине градежните работи, до овој момент ништо не презеде тоа реално да се оствари. Оваа неактивност на министерот зачудува, бидејќи и тој има информации дека со големи количества бетон се покриваат остатоци на темели на ранохристијанска црква и базилика со значајни мозаици, посочуваат од “Совест“.
Здружението „Совест“ веќе не верува на непоткрепени и неисполнети ветувања и затоа ќе поднесеме соодветни кривични пријави.
Ќе побараме и решение за привремено стопирање на градежните работи и соодветна стручно – инспекциска акција, за утврдување на пречекорувањата во процесот на интервенција за обнова на Али Пашината џамија, велат од „Совест“.