Охридскиот музеј реализира 201 проект за заштита на недвижно и движно културно наследство

Од:

Националната установа „Завод и музеј – Охрид“ во текот на минатата година реализирала вкупно 165 проекти за заштита на недвижно и 36 проекти на заштита на движно културно наследство. Директорката на установата Тања Паскали – Бунташеска денеска пред медиумите направи куса ретроспектива на среботеното минатата година, како и за проектите и активностите предвидени за оваа календарска година, за што се обезбедени средства од надлежните државни институции, како и преку донации од Американската амбасада во Скопје и Канцеларијата на Република Турција во Македонија (ТИКА).

– Во поглед на недвижното наследство минатата година конзервирани и реставрирани се девет христијански сакрални објекти. Конзервирани и презентирани се над 300 метри квадратни мозаични подови, конзервирани се 11 објекти од профана архитектура – старогрдфска и градски, шест исламски објекти, четири археолошки локалитети, повеќе секции од бедемските ѕидови од подградието на Самоиловата тврдина од Горна и Долна порта. Во делот на движното културно наследство конзервирани се вкупно 3.925 монети, 544 предмети од метал, пет предмети од стакло, осум стари ракописи, 28 стрели од железо, две оловни зрна, 38 предмети од бронза, 223 предмети од бронза и сребри, 457 предмети накит, пет икони, 542 текстилни етнолошки предмети, 52 дрвени етнолошки предмети, 34 кубури, 161 керамички сад, пет предмети од злато, десет предмети од килибар и предмети од погребална ритуална кола од локалитетот „Могилка“ кај Делчево, истакна Паскали – Бунташеска.

Таа потсети дека направени се и над 200 елаборати за валоризација и ревалоризација на поединечно зашптитени објекти, од кој како најважен го посочи елаборатот за Стариот дел на Охрид врз чија основа беше усвоен и Законот за Охрид.

Би можело да ве интересира

Љутков: Во наредниот период Охрид ќе стане центар со 365 денови културен туризам

A1on

Езерската полиција спасила две малолетни лица во водите на Охридското Езеро

Предраг Петровиќ

Охридското крајбрежје заробено од непознати изведувачи – Левица со барање за инспекциски надзор

Земјотрес со интензитет од 3,2 степени според Рихтер реистриран во подрачјето на Охрид

Спасено лице од Англија што паднало во Охридското езеро

Предраг Петровиќ

Кај Елшани спасен холандски турист со скршена нога