Одложена премиерата на претставата „Ако останеш дома“ во Центарот за култура во Кичево

Од:

Драмската претстава „Ако останеш дома“ по текст на унгарскиот драматург Карој Сакони, која требаше да се изведе вечер во 19 часот во Центарот за култура во Кичево е одложена, поради автобуската несреќа во која загинаа 45 македонски патници, а нејзиното премиерно претставување ќе се случи кон средината на идниот месец, најави актерот и режисер на претставата, Михајло Петрески.

-Иако пред две недели за вечерва 26 ноември го најавивме премиерното прикажување на драмската претстава„ Ако останеш дома“ од унгарскиот автор Карој Сакони, сепак поради добро познатите причини и големата несреќа што се случи во Бугарија со голем број човечки жртви, одлучивме да ја откажеме планираната премиера и ако нешто непредвидено не се случи во наредниот период,тогаш планираме кон средината на месец декември премиерно да ја изведеме најавената драмска претстава-истакна Петрески и потсети дека улогите во оваа претстава ќе ги играаат режисерот Петрски и за прв пат Виолета Петкоска.

Инаку оваа драмска претстава финансиски е подржана од Министерството за култура со 50000 денари и истата треба да се одржи според протоколите за заштита од ковид 19.

Како што посочи Петрески, тие повеќе од два месеци интензивно ја подготвуваат оваа драмска претстава, која ќе биде и единствената што ја подготвиле драмските аматери од Кичево за годинава.

Би можело да ве интересира

Со претставата „8%?” заврши манифестацијата „Недела на македонската култура” во Тирана

Насилник со нож нападнал ученици, полицајци и обезбедување во болница

14-годишен малолетник од Кичево осомничен за силување на четиригодишно девојче

Во октомври премиера на претставата „Варвари“ во МНТ

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Вклучен е алармот: Кичево денеска е најзагаден град во Македонија

Горан Наумовски