Одбележување на Светскиот ден на поезијата на археолошкиот локалитет Билазора

Од:

Светскиот ден на поезијата денеска ќе биде одбележан со поетско читање на археолошкиот локалитет Билазора кај Свети Николе, со почеток во 12 часот. Организатори на настанот се Друштвото на писателите на Македонија, Филозофскиот факултет при УКИМ, Интернационалниот универзитет Еуропа Прима, Општината Свети Николе и Меѓународниот славјански универзитет.

– На манифестацијата „Билазорски видувања 2023“ ќе настапат поети – членови на ДПМ и автори од Свети Николе и соседните градови. А, со свои поздравни обраќања ќе земат учество: Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија, Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет – Скопје, Јордан Плевнеш, основач на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима, Дејан Владев, градоначалник на Општина Свети Николе и Јордан Ѓорчев, основач и директор на Меѓународниот славјански универзитет, информираат организаторите.

Тие планираат манифестацијата „Билазорски видувања“ во иднина да биде традиционална и секоја година да се распишува Конкурс за најдобра песна од ученици во основните и средните училишта во земјата на тема „Билазора“.

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска