Одбележување на Интернационалниот ден на поезијата

Од:

Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст-Струмица“ и школата за поезија – делегација Македонија, утре, 21 декември 2017 година, со почеток во 20:00 часот во просториите на кафе книжарата „Магор“ во Скопје, со промоција на е-зборникот „Премин“ и поетско читање ќе го одбележи Интернационалниот ден на Светската унија на поети.

„Премин“ е резултат од последниот креативен предизвик на групата на Школата за поезија – Делегација Македонија, а во него се застапени 25 автори со своја поезија, како и поезијата на двајца поети, гости од Филипини и Тајван.

„Претставниците на македонската делегација решија да пишуваат поезија на тема „Премин“, за да може секој еден од нив на свој, уникатен поетски и изразувачки стил канализира дел од неговиот светоглед, преку поетиката да го скулптурира индивидуалниот, номадски, литерарен, хронолошки збир на флуидно расфрлени собства кои решиле да сочинат сегмент на еден поголем поетикум, посуштински вредносен центрум на аналитичност, критичност, прецизност, на изворно чистата и хербариусмки богатата тегла на еликсирни, поетски дози занаетчиство, како тогаш кога клучарот ви ја покажува вештината за правење алат за отворање на светови.“ – стои во воведот на збирката на Митко Гогов.

Во освртот кон тематскиот зборник „Премин“ Жаклина Свеќаровска ќе забележи: „Човек не може да влезе двапати во иста река. Постојано преминуваме од некаде кон другаде, од нешто кон нешто друго. Еве, и сега сме на преминот од една година во друга. Толку природно.

Токму поради тоа состојбата на премин кој никако да заврши, премин кој стана феномен сам за себе (го нарекоа транзиција) е состојба исто толку неприродна како кога реките би почнале да течат нагоре место надолу. Но, водата не може да ги победи законите на природата. Кога ќе се разгневи, водата се разлева во широчина исто како што поетите соочени со тематскиот предизвик (Премин) преплавија со стихови, слики, емоции… “

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска