Одбележување 57 години од потпишувањето на Елисејскиот договор помеѓу Франција и Германија

Од:

Со проекција на филмот „Тајната на дрвјата“ од Лик Жаке, амбасадите на Франција и на Германија вечер во Скопје ќе потсетат на Елисејскиот договор, склучен пред 57 години на 22 јануари 1963 година помеѓу претседателот Шарл Де Гол и канцеларот Конрад Аденауер.

Пред почетокот на проекцијата во Кинотеката пригодно ќе се обратат амбасадорите на Република Франција и на Сојузна Република Германија, во Скопје, Кристијан Тимоние и Томас Герберих.

Како што се наведува во заедничкото соопштение на двете амбасади , со потпишувањето на Елисејскиот договор Република Франција и тогашната Сојузна Република Германија го затворија поглавјето на германско-француското заколнато непријателство, а отворија ново поглавје на посебно пријателство и соработка кое трае веќе 57 години. Со тоа започна една извонредна билатерална соработка помеѓу двете држави, практично во сите области: политика, одбрана, економија, младина и образование.

Елисејскиот договор се спроведува преку редовни средби на владино ниво, но и на ниво на администрациите на двете земји, кои редовно применуваат взаемна размена на државни службеници и воспоставија меѓуминистерска комисија за соработка. Постојат голем број на збратимени градови, а во тие рамки и соработка меѓу граѓанско-општествените организации.

Поради нејзиниот посебен карактер, француско-германската соработка игра важна улога во процесот на европската изградба, а со тоа на Франција и Германија им припаѓа и значајна улога во врска со македонското приближување кон Европската Унија. Француско-германското пријателство покажува дека надминувањето на предрасудите е можно и дека дијалогот и меѓусебното почитување на историјата, традициите, културата и јазикот на другиот претставуваат плоден развој за сите.

Воедно, со потпишувањето на Елисејскиот договор беше основана и Француско-германската младинска организација (ОФАЖ), која оттогаш поврза безброј француски и германски млади луѓе. ОФАЖ реализира проекти и во трети земји, а меѓу нив и во Северна Македонија, наведуваат амбасадите на Германија и на Франција.

Инаку, темата на филмот „Тајната на дрвјата“ од Лик Жаке е џунглата како еколошки систем. Врз основа на густите шуми во Франција, Перу и Габон, се погледнува во историјата на еволуцијата, но, исто така, се упатува на опасноста што се крие во иднината доколку природата не се заштити соодветно.

Би можело да ве интересира

Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката

Ана Ололовска