Од утре достапна книгата „Тито: вечниот партизан“

Од:

Од утре, Денот на Републиката на поранешната Југославија во продажба ќе биде достапен македонскиот превод на книгата „Тито: вечниот партизан“, дело на германска историчарка Мари-Жанин Чалиќ.

Како што информираат од Книжарницата Или-Или, преводот од германски е на Ксенија Чочкова и е поддржан од фондацијата Традуки.

Од „Или-Или“ посочуваат дека со дистанца од 40 години, германската историчарка Мари-Жанин Чалиќ на околу 400 страници пишува за комплексниот но и многу флексибилен политички лик, типичен производ на ерата на крајностите, што Тито лично ја доживеал и во чиешто обликување учествувал.

– Оваа биографија на Јосип Броз Тито нуди длабок истражувачки и сеопфатен увид во животот на една од највлијателните фигури на 20. век на Балканот и пошироко. Чалиќ мајсторски ја претставува сложената историска позадина и политичките предизвици со кои се соочувал Тито, давајќи уникатен поглед на неговата улога како партизан, државник и лидер на Движењето на неврзаните. Пред својата смрт Тито важел за меѓународно признат државник. Денес многумина го сметаат за брутален диктатор. Но, што бил тој навистина? Мари-Жанин Чалиќ ја открива историската личност зад легендите и ја раскажува приказната за еден авантуристички живот што го отсликува подемот и падот на Југославија, се вели во најавата од „Или-Или“.

Би можело да ве интересира

Обожаватели на Тито од поранешна СФРЈ се собраа во Куќата на цвеќето на 45-годишнината од неговата смрт

45-години од смртта на Јосип Броз Тито, неговото име е неизбришливо во историјата на Југославија

Горан Наумовски

Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Четириесет години од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

Тито најприсутен во Македонија и Хрватска

Наум Локоски

(ВИДЕО) Петковски: Никаде не пишуваше дека Собранието издовило 10 милиони евра за опрема за прислушување, образложија дека се за потребите на УБК

Емир Латифовиќ