Tportal.hr – Загреб
Познато е дека хрватскиот јазик припаѓа на индоевропската јазична група која според бројот на луѓето што ја зборуваат е најголема на светот.
На истата група припаѓаат и многу јазици во Европа како и на јужна и западна Азија. Хрватска спаѓа во група на јазици кои произлегле од балтословенската јазична заедница по нејзиниот распад некаде од 1500 до 1300 година пне. на прабалтичката и прасловенската заедница.
За заедничкото потекло на индоевропските јазици кажуваат многу зборови кои и денес се слични на многу индоевропски јазици, од името на броевите како што се два (хрв.), two (англ.), due (итал.). do (хинд.) до имињата за членовите на семејството како што е матер (хрв.), mother (англ.), мадре (итал.) и маата (хинд.).
Различни теории
За тоа од каде, како и кога овие јазици се прошириле во Европа претставени се многу теории меѓу кои три се најприфатени во академската заедница, кургуанската, анатолската и балканската. Кургуанската и анатолската во последните децении станаа доминантни.
Според анатолската хипотеза ширењето на прото-индо-европскиот јазик (ПИЕ) се случило некаде пред 8.500 години кога првите земјоделци од Блискиот исток, т.е. од подрачјето на денешна Турција почнале да се населуваат во Европа.
Според кургуанската ПИЕ во европските краеви преку континентот го донеле степските сточарски надори од подрачјето околу Црно море и Каспиското езеро пред 4.500 години.
Кургуанската теорија ја потврдувале многу археолошки пронајдоци, како карактеристичниот начин на закопување на мртвите со надгробни споменици, генетски анализи како и имиња за некои предмети кои во подоцнежниот период дошле во употреба, како што е тркало, т.е. коло на прото-индо-европски kwekwlo. Историчарите сметаат дека припадниците на курганската култура ги припитомиле коњите и го откриле тркалото пред 5.000 до 6.000 години.
Јазична форензика
Големата генетска студија неодамна претставена во списанието Натура на оваа теорија даде нов силен ветер во грб.
Во неа меѓународниот тим на научници покажа дека во Европа се одвивале две големи миграции – прво неолитските земјоделци од Блискиот исток, а потоа сточарите на јамната култура. Миграциите на популацијата во источна и западна Европа пред 8.000 до 5.000 години биле на различни патишта и не се сретнувале се до пред 4.500 години кога источноевропските народи масовно населиле голем дел од централна Европа. Анализите покажале дека тие народи генетски се многу слични на припадниците на култура која е позната како курганска (од турски збор за гробна јама) или јамна (од руски збор за гробна јама).
Најголемата генетска сличност, поголема од 75 отсто, е откриена во примери на популација на култура на керамиката која пред некои 4.000 години ги населувале краевите на денешна Германија. Тоа укажува на миграции од големи размери од црноморските и касписките краишта во централна Европа. Оваа генетска врска е потврдена и во примери стари околу 3.000 години, а може да се најде и кај денешните Европјани. Кај жителите на северна и централна Европа сличноста е околу 50 отсто додека кај жителите на Иберискиот полуостров околу 20 отсто.
– Иако тестовите на древни примероци на ДНК не се доказ за тоа на кој јазик зборувале анализираните праисториски луѓе, размерите на миграциските движења подразбираат промена во јазикот. Ако е точно тоа што ни го покажуваат генетските податоци и ако тие популации и денес се живи, тие морале да придонесат за формацијата на индоевропските јазици кои денес се зборуваат во Европа – рече еден од авторите на истражувањето Роберто Рисч.
Во новата студија тимот анализираше гени на 69 праисториски луѓе од разни периоди од пред 8.000 до 3.000 години. Во истражувањето исто така биле вклучени веќе постоечките податоци за гени на 25 лица. Така е добиен статистички модел за 94 праисториски лица.
Авторите истакнуваат дека нивната студија сепак не открива дефинитивно каде и кога настанал ПИЕ.