Од денеска почнува Саемот на книга, се очекуваат над 30 илјади посетители

Од:

„Мирисот на нова книга ја најавува пролетта“ е мотото на годинашното 35. издание на меѓународниот Саем на книгата, што почнува од денеска, а ќе се одржува до 10-ти овој месец во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. На Саемот се очекува бројот на посетители да се искачи и до 30 илјади, како пред пандемискиот период.

Организаторите најавуваат богата седумдневна програма со над 60 издавачки куќи и со присуство на домашни и странски автори. Исто така, предвидени се и промоции на нови книги во официјалниот Промотивен центар во Арената, а на штандовите на издавачите се најавуваат едукативни работилници и цртање за најмладите посетители, како и средби со автори и потпишување книги.

-Ако минатата година Саемот на книга го посетија само 24 илјади посетители, годинава се очекуваат 30 илјади посетители. Она што успеавме да го направиме годинава и што ќе биде веројатно позитивно изненадување за љубителите на книга е тоа што и техничкиот дел на арената е подготвен така да биде претставен како вистинско саемско доживување, што значи нема да бидат видливи седиштата или оној дел од салата кој е наменет за други настани, туку ќе бидат прилагодени, изјави вчера Даниела Глигоровска, управител на Скопски Саем.

Една од главните цели на годинашното јубилејното 35. издание на меѓународниот Саем на книгата е одбележувањето на важноста за зачувувањето на мајчиниот македонски јазик, како главен идентитет на народот, а за истото, програмата на Саемот ќе се фокусира и на активност и програма која ги слави познатите легенди, кои имаат оставено значителен печат во македонската книжевност.

По тој повод, на 5 мај, в петок, ќе биде организирана трибина во организација на Македонската асоцијација на издавачи по повод Денот на македонскиот јазик, а заедно со Македонската асоцијација на издавачи ќе се одржи трибина на која се поканети и средните училишта со состави на теми за македонскиот јазик.

Цената на редовна влезница ќе изнесува 80 денари, а 50 денари по лице ќе изнесува цената за организирани групи ученици. Билетите ќе бидат достапни за купување на влез на арената, а сите љубители на дигиталните услуги ќе можат да ги набават своите билети за саемот и онлајн преку „Karti.com.mk“.

Покровител на Саемот на книга традиционално е Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Денес на Саем: Средба со Иван Антоновски и „Идентитетот е приказна“ – најбараната книга на „Полица“ во 2022 година

Ана Ололовска

Државниот архив ќе учествува на 35. Саем на книгата

Ана Ололовска

Саем на книга од 4 до 10 мај: понуди на издавачките куќи и промоција на читањето

Горан Наумовски

Саемот на книга започнува на 3. мај

Ана Ололовска

Турција учесник на претстојниот Саем на книга

„Студентски саем на книгата“ во НУБ „Св. Климент Охридски“

Ана Ололовска