Обнова на Спомен-домот на Разловечкото востание во Делчевско

Од:

Со поддршка од Министерството за култура, ќе се изврши обнова на Спомен-домот на Разловечкото востание во селото Разловци, Делчевско. Изградбата на објектот почнала во 1976  при одбележување на стогодишнината од  востанието, е преадден во употреба во 1979.

– Стручни екипи од Националниот конзерваторски центар – Скопје ќе извршат конзерваторски истражувања на објектот во кој се сместени библиотека, постојана историска поставка, како и ликовна изложба од ликовната колонија одржана по повод одбележувањето на стогодишнината од Разловечкото востание, соопшти денеска Министерството за култура.

Врз основа на извршените истражувања и постојната архитектонска документација, треба да биде изработен проект според кој ќе бидат прецизирани конкретните активности за непосредна заштита на објектот, по што ќе започнат активностите за санација. Со реализацијата на овој проект, според Министерството за култура, ќе се овозможи зачувување и презентација на еден значаен сегмент од македонската историја и култура.

Изградбата на Спомен-домот на Разловечкото востание почнала во 1976 година при одбележувањето на стогодишнината од востанието, а во 1979 година бил предаден во употреба.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје