ЈУ МКЦ се заблагодарува на сите учесници во Конкурсот за идејно-графичко решение за визуелно обликување на програмите и активностите на МКЦ, кој има за цел создавање визуелен идентитет и препознавање на јубилејот „50 години МКЦ“.
На конкурсот учествуваат 51 апликација со визуелни решенија, во кои, како што се наведува, е видлив висок квалитет по однос на естетско-графичките параметри, што направило изборот да биде навистина тежок. За најдобро идејно-графичко решение и визуелен идентитет за „50 години МКЦ“ е избран трудот на Милан Димитриев.
Поради високиот квалитет на пристигнатите решенија, Комисијата одлучи да му даде пофалница на второрангираниот Гоце Велески.
Првичната селекција беше направена од програмскиот колегиум на МКЦ, а финалниот избор го направи петчлена стручна комисија. Избраното решение ќе биде наградено со паричен износ од 50.000,00 денари.