Објавени поетскиот и рецитаторскиот конкурс за „Рациновите средби“

Од:

Во рамки на 54. „Рацинови средби“, Здружението на граѓани „ФАД Стоби“ во соработка со гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес го објави Поетскиот и Рецитаторскиот конкурс наменет за сите средни училишта во Македонија.

Според организаторите, целта е афирмација на името, ликот и делото на Коста Солев Рацин, како и активно вклучување на средношколците во реализацијата на поетската манифестација „Рацинови средби“.

На поетскиот конкурс може да се учествува со поетски творби на тема ликот и делото на Коста Солев Рацин, додека на рецитаторскиот конкурс се настапува со втората песна од циклусот „Елегии за тебе“ од Коста Солев Рацин.

Двата конкурса се со награден карактер и траат до 20 мај годинава. Пријавувањето за конкурсите се врши по електронски пат на мејл адресата: [email protected].

Би можело да ве интересира

Младата поетеса Ивана Јовановска ќе учествува на Саемот на книга во Лајпциг

Предраг Петровиќ

Трет Скопски поетски фестивал

Предраг Петровиќ

Промовирана стихозбирката „Ризница” од Мира Георгиевска

Реномираното меѓународно списание „Версвил“ објави тематски број „Поезија од Македонија“

Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на романската награда за поезија „Михаи Еминеску“

Предраг Петровиќ

Промоција на стихозбирката „Куќа во куќа“ од Гордана Михаилова-Бошнакоска

Ана Ололовска