Објавена монографијата „Возобновителот“ во чест на архиепископот Доситеј

Од:

Во чест на архиепископот охридски и македонски г.г. Доситеј излезе од печат монографијата „Возобновителот“. Таа е издание на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, а во соработка со Македонската православна црква – Охридска архиепископија и Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“.

Ова луксузно издание е отпечатено по повод големите јубилеи посветени на животот и делото на архиепископот г.г. Доситеј – 115 години од неговото раѓање (1906-2021) и 40 години од неговото упокојување (1981-2021).

Ова капитално дело е посветено на ликот и делото на блаженоупокоениот македонски духовен великан Доситеј, кој успеа да ги оствари вековните копнежи на македонскиот народ за обнова на Охридската архиепископија и за конечно добивање на своја независна автокефална црква.

Монографското дело „Возобновителот“ е обемна публикација со околу 420 страници, во тврд повез, во која е вграден трудот на вработените во КОВЗРГ, особено на дипломираниот теолог Петар Петковски, потоа на професорите од ПБФ „Свети Климент Охридски“, како и на други просветни работници.

Содржина опфаќа библиографски податоци, избор на дел од позначајните слова на архиепископот Доситеј (беседи, говори и интервјуа), репортажи за позначајните цркви и манастири во кои живеел и работел архиепископот Доситеј, потоа зборник на трудови за неговата улогата и важност, спомени и сеќавања од неговите соработници и познаници, значаен фотоматеријал, позначајни архивски документи, слики од оставштината на архиепископот, како и поезија посветена во негова чест.

Во воведот на монографијата, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, меѓу другото, пишува: „Обновата на тронот на Св. Климент по години туѓи црковни јурисдикции, како и враќањето на македонската црковна самостојност, доаѓа во налетот на македонската национална ослободителна борба за државност и самостојност, која по Втората светска војна ја доживува својата кулминација.

Инаку, според биографските податоци, архиепископ охридски и македонски г.г. Доситеј е роден во Маврово, на 7 декември 1906 година. Тој е возобновител и прв архиепископ охридски и македонски на Македонска православна црква – Охридска aрхиепископија, а се смета и како наследник на Арсениј Втори, кој бил последен архиепископ на укинатата Охридска aрхиепископија во 1767 година. На вториот црковно-народен собир, одржан од 4 до 6 октомври 1958 година, бил избран за поглавар на МПЦ. Под негово раководство бил свикан Третиот црковно – народен собир, одржан на 18 јули 1967 година, на кој МПЦ е прогласена за афтокефална.

Архиепископот Доситеј е роден со крстеното име Димитар Стојковски, како четврто дете од осумте деца на Лазар и Софија. Израснал под планината на Бистра. Целиот свој живот го посветил на службата на црквата. Богословија започнал да учи во Сремски Карловци во 1922 година, а се замонашил во 1924 година, на 17 години, во „Св Богородица Пречиста“, Кичевско.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите