Објавен 120-тиот број на книжевната ревија на ДПМ „Стожер“

Од:

Друштвото на писателите на Македонија го објави 120-тиот број на книжевната ревија „Стожер“, која континуирано излегува 19 години и ги афирмира новите остварувања на македонските писатели.

Јубилејното издание на „Стожер“ донесува прилози од областа на поезијата, прозата, критиката и есеистиката од триесетина истакнати писатели од различни генерации, меѓу кои: Георги Старделов, Радован Павловски, Иван Чаповски, Раде Силјан, Ефтим Клетников, Веле Смилевски, Ресул Шабани, Божин Павловски, Стојан Тарапуза, Георги Сталев, Сеида Бегановиќ, Санде Стојчевски, Весна Мундишевска, Миле Неделкоски, Кочо Топузоски, Петре Димовски, Виолета Танчева Златева, Зоран Пејковски, Братислав Ташковски и Игор Крајчев.

Од странските писатели претставени се кинескиот поет Беи Дао, годинашен добитник на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, и поетот од Молдавија Николае Дабижа, добитник на наградата „Книжевен жезол“.

Во посебен оддел „Стожер“ ја одбележува и 95-годишнината од раѓањето на Славко Јаневски и 75-годишнината од раѓањето на Чедо Јакимовски. Во рубриката „Портрет“ претставен е поетскиот опус на писателот Александар Поповски, еден од доајените на ДПМ.

Новиот број на книжевната ревија „Стожер“ за пошироката јавност е достапен на веб-страницата на ДПМ: www.dpm-pisateli.mk.

Би можело да ве интересира

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора

„Во име на новото“ во ДПМ

Ана Ололовска

ДПМ на вонреден пленум ќе побара одговорност доколку не се отстранат пропустите во Министерството за култура

Ана Ололовска

ДПМ: Македонскиот јазик има дијалекти, но не е никаков и ничиј дијалект

Конкурс за традиционални годишни награди на ДПМ

Ана Ололовска

„Празник на липите“ и врачување на наградите „Книжевен жезол“ на ДПМ

Ана Ололовска