НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола одбележува 72 години од основањето

Од:

Националната установа универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола од денеска до 31 март со низа програмски активности ќе ја одбележи 72-годишнината од основањето на библиотеката.

НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола денеска ќе го промовира проектот „Ние сме Љубов“, литературен, музички и танцов перформанс на деца и млади со попреченост, односно аутизам, оштетен слух и говор и пречки во развојот кои во соработка со деца од основните училишта од Битола ќе избираат творби со љубовна тема.

– Проектот има за цел да ги обедини сите деца и млади преку уметничките изразни средства, а воедно да ја подигне свеста за соодносот на децата и младите. Одбрана е темата „Љубов“ како основна нишка на постоењето која ги поврзува сите човечки битија. Во процесот на работа со децата и младите со посебни потреби ќе се направи темелна разработка на самата тема, а резултатот ќе биде изразен преку пишан збор, пеење, гестикулација и говор на тело, најави Илче Стојановски, претставник на НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола.

На 24 март во просториите на библиотеката, ќе се промовира втората фаза од проектот „Слушај музика – биди среќен“, а истовремено до 31 март, во салонот на библиотеката ќе биде поставена тематска ретроспективна изложба на книги кои се во издание на библиотеката од основањето до денес.

– Серијалот програмски активности ќе се одвива и на 27 март кога ќе бид изведена претставата „Театар во библиотека“ подготвена во соработка со детското драмско студио „Арт и медиа“ – Битола, а на 30 март во просториите на библиотеката ќе се промовира проектот „Еко библиотека“. Како завршен настан во рамките на програмата за одбележување на 72-от роденден на библиотеката и 83 годишнината од раѓањето на Борислав Талевски, ликовен уметник од Битола, на 31 март во просториите на библиотеката ќе биде отворена ликовна изложба „Ликовни одблесоци – сеќавање на творештвото на Борислав Талевски“, потврди Стојановски.

Би можело да ве интересира

Интерактивна работилница за гатанаките во Градската библиотека во Скопје

Ана Ололовска

Кампања „Читаме современи македонски автори“

Ана Ололовска

Втор форум на библиотечната унија на земјите од централна и источна Европа и Кина

Ана Ололовска

Втор форум на библиотечна унија на земјите од ЦИЕ и НР Кина

Ана Ололовска

Празнична изложба на книги во Битолската библиотека

Ана Ололовска

Празнична изложба на книги во Битолската библиотека

Ана Ололовска