„Нулта точка“ – последна премиера за оваа сезона на Скопје танцов театар

Од:

Скопје танцов театар вечер од 20 часот во Дансинг салата на Младинскиот културен центар ќе ја изведе „Нулта точка“ – последна премиера за оваа сезона.

Претставата се состои од три короеграфи: „Азбука“ во кореографија на Јакуб Мунко, на музика на Игор Ниемијски и Јакуб Мунко; „Еден“ во кореографија на Александра Петрушевска, на музика на Александар Гроздановски; и „Јас и вие“ во кореографија на Дејан Битровски, кој воедно направи избор на музика.

Во претставата настапуваат танчарите: Адријана Данчевска, Матеа Киселичка, Јакуб Мунко, Анастасија Данчевска, Тринга Хиса, Александра Петрушевска, Дејан Битровски, Јована Зајкова и Сара Цветковска, а костимите на Скопје танцовиот театар.

– „Нулта точка“ ќе ја претстави новата генерација танчари и млади кореографи, кои своето образование го стекнаа на Скопје танцовата аакдемија, но и како специјализанти на Скопје танцовиот театар, соопшти Скопје танцов театар, кој нагласува дека под уметничко водство на Рисима Рисимкин ја продолжува својата мисија на создавање нова естетика на македонската современа танцова сцена.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Ана Ололовска