НУБ „Св. Климент Охридски“ ќе одбележи 75 години постоење

Од:

Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ денеска ќе го одбележи патронатот и 75 години од основањето.

Во пресрет на државниот празник посветен на просветителот св. Климент Охридски – 8 Декември, делегации што ќе присуствуваат на свеченоста денеска најпрво ќе положат цвеќе на неговиот споменик пред Библиотеката.

Специјално за оваа пригода со видеопрезентација на архивски фотографии и скенирани материјали ќе биде прикажан историјатот, функциите и општественото значење на НУБ „Св. Климент Охридски“, ќе има изложба на фотографии за развојот на Библиотеката во изминатите седум и пол децении, како и ексклузивни материјали од нејзините специјални збирки.

НУБ денеска ќе им додели благодарници на институции со кои има заеднички проекти (Министерството за култура, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Амбасадата на НР Кина и институтите „Јунус Емре“ и „Данте Алигиери“), како и на Управата за заштита на културното наследство и на Библиотекарското здружение на Македонија со кои има континуирана соработка.

Традиционално по повод патронатот ќе им бидат доделени и награди на вработени и на тие што се пензионирале во 2019 година, а Библиотекарството здружение на Македонија ќе ја додели наградата „Библиотека на годината“. Според одлуката на Здружението, ова признае годинава ќе го добијат две библиотеки – Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје и Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ од Радовиш.

НУБ „Св. Климент Охридски“ е основана во 1944 година. Од првобитниот објект во кој била сместена по ослободувањето, во 1972 е преселена во зградата во која се наоѓа и денес. Пред неколку години до неа беше дограден дел наменет за дигиталната библиотека.

Би можело да ве интересира

Интерактивна работилница за гатанаките во Градската библиотека во Скопје

Ана Ололовска

Кампања „Читаме современи македонски автори“

Ана Ололовска

Втор форум на библиотечната унија на земјите од централна и источна Европа и Кина

Ана Ололовска

Втор форум на библиотечна унија на земјите од ЦИЕ и НР Кина

Ана Ололовска

Празнична изложба на книги во Битолската библиотека

Ана Ололовска

Празнична изложба на книги во Битолската библиотека

Ана Ололовска