НУ Музеј Куманово објави повик до кумановските ликовни уметници за учество на традиционална изложба

Од:

Националната установа Музеј Куманово, денеска објави повик за учество на академските уметници од Куманово, на традиционалната изложба „Кумановски Ликовни Уметници 2020“, која ќе се одржи и годинава во рамки на ноемвриските денови во градот. Крајниот рок за пријавување за учество е 15 октомври годинава.

– Станува збор за ликовна манифестација која се реализира во континуитет и единствена од таков вид во градот на која се презентираат кумановските ликовни уметници. И годинава очекуваме добар одѕив кај уметниците од градот, информира, кустосот, Драгана Спасковска.

Уметниците треба да достават едно ликовно дело, по можност не изложувано од најновата продукција. Авторите треба да достават податоци за себе, насловот и димензиите на делото.

Изложбата ќе се организира и реализира на 10 ноември годинава, согласно сите протоколи за заштита од Ковид – 19. Во текот на месец декември делата ќе бидат вратени на авторите.

Изложбата традиционално се реализира од 1956-тата година до денес, во чест на Денот на ослободувањето на градот. Оваа традиционална уметничка манифестација се истакнува по широка и хетерогена палета на ликовни изрази. На љубителите на уметноста им нуди пресек на ликовните тенденции во градот и поставува прашања за актуелната состојбата на кумановската ликовна сцена во рамките на напредокот и следењето на новите уметнички истражувања и практики во македонската современа уметност.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски