Градскиот дувачки оркестар вечер во кино „Фросина“ ќе го одржи традиционалниот новогодишен концерт, за кој влезот за посетителите е слободен.
Во Оркестарот членуваат главно професионални музичари, како и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
На репертоарот се дела на Добсшески, Милер, Харисон, Макартни, Леј, Моцарт, Андерсон, Манквина, Верди, Штраус, Ленон, Елингтон…