Стрип центарот на Македонија-Велес ги издаде 18-иот и 19-иот број на ревијата „СТРИП КРЕАТОР“, единствено постојано стрип издание во државава.
Финасиската поддршка ја обезбеди Министерството за култура, а изданијата може да се набават во книжарницата „Бункер“.
Објавени се подобрите стрипови од странски и домашни автори, учесници на интернационалниот стрип конкурс што е во рамки на традиционалниот стрип салон. Застапени се и млади и неафирмирани стрип автори од Македонија.
– Талентите како што се Јована Велинова, Беатрис Петровска, Бојана Милчевска, Ѓунај Абдулов, Димитриј Михајловски, сценаристот Александар Стеванов …, се само еден дел од создаденото мноштво на потенцијали насочени кон 9-та уметност и доведуваат до позитивна конкуренција помеѓу домашните стрип автори, соопшти Стрип центарот Велес.