Норвешкиот писател Јун Фосе добитник на Нобеловата награда за литература

Од:

Нобеловата награда за литература за 2023 година отиде во рацете на норвешкиот писател Јун Фосе, за „иновативни драми и проза што му дава глас на неискажливото“, соопшти Шведската академија.

Норвешкиот писател е едно од водечките имиња во модерните драми претставени во повеќе од деветстотини продукции, а неговите дела се преведени на повеќе од четириесет јазици.

Познати е по романите „Меланхолија“, „Утро и вечер“ и „Тоа е Алес“, но и многу други драми и песни.

Британски „Дејли телеграф“ пред неколку години го вклучил Фосе на листата на 100 живи генијалци, а покрај тоа од кралот на Норвешка добил на доживотно уживање куќа до палатата во Осло, што во таа земја се смета за највисока чест за луѓето од светот на уметноста.

Би можело да ве интересира

Има 338 номинирани за Нобеловата награда за мир

А1он

Американката Луиз Глик е добитничка на Нобеловата награда за литература

Жарко Настоски

Комитет за литература: Нобеловата награда не може да биде одземена

Бушамауи: Верувам дека Заев и Ципрас ќе ја добијат Нобеловата награда, тоа ќе биде доказ дека се може да се постигне со дијалог

Наум Локоски

Заев и Ципрас ќе бидат номинирани за Нобелова награда за мир

Наум Локоски

Македонската НВО „Новинари за човекови права дел“ од Нобеловата награда за мир за 2017

Наум Локоски