Независниот културен сектор на маргините на општеството

Од:

Културата надвор од државните инситуции е маргинализирана, со мала посетеност, намалена продукција и без сопствен независен простор.

Независниот културен сектор препознатлив по новите модели на културната продукција, интерсекторската соработка, преплетувањто на современата уметност во сите дејности како и промоција на современите културни политики, во постоечкиот систем функционира без можност за институционално следење и обезбедување на неговата одржливост.

Во него спаѓаат сите НВО од граѓанскиот сектор кои критички го развиваат динамичното дејствување во полето на културата, внесуваат новитети во целото културно производство и придонесуваат врз развојните процеси на културните политики.

Како што веќе пишуваше А1он, нискиот животен стандард и секојдневните проблеми со кои се соочуваат македонските граѓани, придонесува тие се поретко да бидат присутни на културите настани, вклучувајќи ги и оние продуцирани од независниот културен сектор.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, посетеноста на државните професионални театри за 2011/2012 се намалила за 30,1% во однос на 2010/2011. Уште позагрижувачка е состојбата со аматерските театри кои чијшто број се намалил, бројот на прикажани претстави опаднал за 31,5%, а посетите се намалени за 44,7%.

logo_jadro_final

Претседателката на асоцијацијата за независна културна сцена ЈАДРО, Искра Гешоска констатира дека независниот културен сектор во својата продукција и присутност замира, а за ова е виновна исклучиво државната културна политика.

– Ако вонинституционалната култура во светот секогаш ги носела новите ветришта во културното и уметничкото творештво, во државава таа е сосема маргинализирана, коментира за А1он, Гешоска.

Наспроти ваквиот став од Министерството за култура, велат дека околу 30 проценти од буџетот редовно се издвојува токму за проектите од граѓанскиот сектор, а Годишната програма за култура во континуитет поддржува проекти кои внесуваат иновативност, разновидност и разноличност во културните случувања.

Иако очигледно сеуште нема јавна свест за комплексното значење на независниот културен сектор, од ЈАДРО посочуваат дека за да има соработката помеѓу јавниот и граѓанскиот сектор потребен е овој продуктивен културен погон кој на рамноправен начин ја одржува интерференцијата.

Во Националната стратегија за култура за 2013-2017, од Министерството, стои дека значаен дел од културната понуда во државава се проектите и иницијативите на независниот културен сектор.

Од Асоцијацијата ЈАДРО, за А1он велат дека му предложиле на Министерството за култура во Националната стратегија да се воведе посебна буџетска ставка во сферата на јавните политики, како и да се дефинира независниот културен сектор. За овој посебен сектор кој би бил за Развој на современа култура, нови културни практики и политики би постоеле посебни критериуми и одвоен процент од целокупниот буџет на Министерството за култура.

Ниту дефиницијата ниту овој клучен сегмент, односно финансиската поддршка не се внесени во Стратегијата, објаснува Гешоска.

genij

Анита Јованоска, портпарол на Министерството за култура, за А1он, вели дека меѓу проектите од драмската дејност опфатени се сите сегменти од областа независниот културен сектор, нагласувајќи дека вистински репрезент на независната културна сцена е Установата за култура Детски театарски центар од Скопје, кој спаѓа меѓу поддржаните проекти.

Професионалната продукција на националните установи за 2012 во драмската дејност е поддржана со 55 проекти, додека пак независната продукција со 13 проекти, а пак 18 проекти се посветени на драмскиот аматеризам, потенцира Јованоска.

Формирањето на мултимедијален простор заедно со соодветни услови за продукција и презентација на современите културни и уметнички програми на независниот културен сектор исто така дел од Стратегијата на Министерството. Во документот стои дека моделите на соработка и финансирање на просторот дополнително ќе се утврдат преку дијалог меѓу Министерството за култура и независниот културен сектор.

Бидејќи не се знае каков би бил овој Независен центар за култура ниту врз какви премиси би почивал, предлогот од ЈАДРО, објаснува Гешоска беше формирање на нов модел на хибридна институција по примерот на „Погон“ во Загреб.

„После тоа Министерството никогаш повеќе не ни контактираше“, рече таа, објаснувајќи дека како Асоцијација имаат во план од септември повторно да ги контактираат, но е песимист дека ќе има напредок во разговорите.

Темјана Поповска

Би можело да ве интересира

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он