Недељковиќ на конференција за борба против антисемитизам

Од:

Заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ денеска и утре ќе учествува на Меѓународната конференција посветена на борбата против антисемитизмот во Киев, Украина.

Конференцијата се одржува по повод одбележувањето на 100-годишнината од судењето на Менахем Мендел Беили, чие име честопати се споменува како симбол на антисемитизмот.

На дводневната конференција, која е во организација на Украинскиот еврејски комитет, освен претставници на Американскиот еврејски комитет, Лигата против клевета и Светскиот еврејски конгрес, ќе учествуваат и повеќе видни личности, академици, политичари и еврејски лидери од целиот свет.

Настанот е под покровителство на украинското претседателство со ОБСЕ, чии приоритети се промовирање на недискриминацијата и толеранцијата.

Би можело да ве интересира

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје

(ВИДЕО) Муамер Абедин, самоук музичар на повеќе од десет инструменти: Научив да свирам од велешката чалгија во која уживал и турскиот султан

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска објасни: Не финансираме фестивал во Косово, туку наши театри кои ќе учествуваат

А1он

Детска интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“ во НОБ

Предраг Петровиќ