Со проекција на „Мало крило“ на режисерката Селма Вилхунен, вечер во Кинотека на Македонија почнува Неделата на современ фински филм.
Циклусот ќе трае до 29 април, а прикажани ќе бидат шест филмови, пет играни и еден документарен. Селекција ја направи српскиот режисер Бојан Вулетиќ.
На програмата, покрај „Мало крило“, се и „Успивачот“, „Непростено“, „Законот на земјата“, „Ѕвездени момчиња“ и „Земја на чудата“.
Филмовите се пресек на финската кинематографија во последните две години и досега не биле прикажани на редовните кино-репертоари или на домашните фестивали.
Програмата се реализира со помош на Амбасадата на Република Финска во Белград.