„Недела на романскиот филм“ во Прилеп

Од:

Од денеска до наредниот петок во Прилеп ќе се одржи „Недела на романскиот филм“.

Секој ден, освен сабота и недела, на „Сцена 105“ во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе се прикажува по едно остварување на романската кинематографија.

„Неделата на романскиот филм“ почнува со вечерашното прикажување во 20 часот на филмот „Изгубени во транзицијата“ во режија и според сценарио на Кристина Ничитус.

Како што информираат од Центарот за култура, се очекува на отворање на манифесатцијата да присуствуваат претставници од Кинотека на Македонија и директорот на Кинотека на Романија.

Во наредните денови, од понеделник до петок ќе се прикажат романските филмови: „Приказни од златните времиња“ во режија на Попеску, Мунџиу, Маркулеску,„Здраво како си“ на режисерот Александру Мафтеи, „Полжави и луѓе“ на Тудор Џурџиу“, „Свадба во Бесарабија“ на Нап Тоадер кој го потпиша и сценариото и „Мечка“ во режија и по сценарио на Дан Чизу.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ