Недела на израелски филм во Кинотеката на Македонија

Од:

Со филмот „Посета на оркестарот“, израелско-француска копродукција од 2007 година во режија на Еран Колирин, вечер во Кинотеката на Македонија ќе почне Недела на израелски филм – прво претставување на израелската кинематографија во Македонија.

Во наредните денови ќе бидат прикажани и филмовите: „Стројникот“ во режија на Ави Неше од 2010 година, „Летото на Авија“ на режисерот Ели Коен од 1998, „Сврти влево на крајот од светот“ во режија на Ави Нешер од 2004 и филмот „Ноќва“ на режисерот Рој Вернер, снимен во 2010 година.

– Во Кинотека на Макеоднија секогаш сме особено задоволни кога имаме уникатна можност да прикажеме филмови од светски кинематографии кои многу ретко допираат до македонската филмска публика. Ова прво издание на израелска филмска недела е особено значајна не само за нас туку и за нашите земји, бидејќи идната година Република Македонија и Република Израел ќе ја прослават 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи, и во таа насока нашите две земји веќе се подлабоко и почесто остваруваат заеднички проекти во областа на културата, истакнува директорката на Кинотеката Мими Ѓорговска-Илиевска во каталогот за филмскиот циклус.

Неделата на израелски филм се организира со поддршка на Министерството за надворешни работи на Израел, Еврејската заедница во Република Македонија и македонското Министерство за култура.

Би можело да ве интересира

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кевин Костнер заплака во Кан: „Жал ми е…“

Предраг Петровиќ

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена