Наскоро „Макбет“ во МНТ

Од:

Во Македонскиот народен театар во тек се подготовките на претставата „Макбет“ од Вилијам Шекспир во режија на Нела Витошевиќ. Претставата се поставува според препевот на Богомил Ѓузел со адаптација на текстот од страна на режисерката Витошевиќ. Сценографијата за претставата се подготвува според замислата на Костантин Трпеноски, костимите ги креира Роза Трајческа – Ристовска, а композитор на музиката е Огнен Анастасовски.

„Претставата ’Макбет‘ е психолошка вивисекција на светот на двајца тирани, кои од преголема амбиција за власт на крајот се дават во крвта на нивните жртви. Затоа и претставата ќе наликува на кошмар во кој тиранијата го достигнува својот врв. Светот на Макбет е свет во кој злото го цица секое здраво-разумско поимање и почнува бескрупулозно да владее со мислите на поединецот. Растргнати од грижата на совеста, а во вртлогот на политичкото лудило, главните ликови го губат тлото под нозете и брзо тонат во крвта на оние кои ги убиле“, објаснува режисерката Нела Витошевиќ.

Ликот на Макбет го игра актерот Сашко Коцев, Леди Макбет е актерката Драгана Костадиновска. Во претставата со голем број ликови на благородници, три вештерки, генерали и војници играат и Сенко Велинов, Дениз Абдула, Стефан Вујисиќ, Благој Веселинов, Борче Начев, Наталија Теодосиева, Ана Стојановска, Ивана Павлаковиќ, Славиша Кајевски, Исмет Шабановиќ, Дарко Ристовски, Томислав Давидовски, Ненад Анѓелковиќ, Виктор Бужаров.

Планирано е премиерата на „Макбет“ да се одржи во текот на месец мај.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

МНТ со претставата „Бели ноќи“ ќе учествува во одбележувањето на 80- годишнината на Народен театар, Битола

Катерина Ѓуровски

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска