Народниот театар од Сомбор вечерва на „Охридско лето“ со шекспировата класика „Многу врева за ништо“

Од:

Единаесеттиот ден на годинешното јубилејно издание на фестивалот „Охридско лето“ резервиран за театарската претстава „Многу врева за ништо“ на Вилијам Шекспир, поставка на младата српска режисерка Ана Ѓорѓевиќ, а во изведба на Народниот театар од Сомбор.

За театарската куќа од Сомбор ова е прво гостување на „Охридско лето“ што, според зборовите на екипата што ќе настапи вечерва на сцената во предворјето на ОУ „Клиимент Охридски“, претставува голема чест, но и предизвик, имајќи го предвид реномето и угледот на фестивалот, не само во регонот туку и многу пошироко.

Саша Торлаковиќ, инаку носител на Стериината награда – највиското актерско признание во Србија, на денешната прес-конференција истакна дека поставувањето на дела на Шекспир на репертоарот на секоја театарска куќа претставува празник, како за режиесерот, така и за самите актери.

–  Кога ќе почнете да го работите Шекспир, пред вас се исправа неицрпен рудник кој отвара многу теми, така што мошне е тешко да се определи која ќе биде доминантна. Рамката во нашата претстава е оној мошне комплициран однос меѓу мажот и жената, овојпат третирајќи го начинот како општествената елитата, загледана во себе не обрнува внимание каква неправда може да им нанесе на другите, истакна Торлаковиќ, нагласувајќи дека тоа е еден од клучевите на кој режисерката ја отвара шекспировата приказна.

Актерот Торлаковиќ, кому оваа претстава му е петта улога на дела на Шекспир, уште забележа дека денешницата како време мошне кореспондира на темите што во своите дела ги разработува Вилијам Шекспир.

Во актерската екипа режисерката остава место и за млади глумци, меѓу кои Вања Ненадиќ и Александар Ристоски, студенти на завршната година на Факултетот за драмска уметност во Белград. Режисерката Ѓорѓевиќ во нив препознава моќни таленти, подготвени да ги одиграат главните улоги во претставата, кои со сложеноста на ликовите неметнуваат максимална посветеност кај актерот, што воопшто не е лесно за некакви почетоци во театарската кариера.

За нив како студенти да се играат улоги на дела на Шекспир е особена чест. Иако оваа претстава како комедија се смета како едно од полесните негови текстови, но тоа е за публиката. За актерите нема ништо лесно, Шекспировите улоги се секогаш сложени задачи, беше истакнато на прес-конференцијата по повод вечерашната претстава.

Ристоски, македонскиот член во оваа поставка на Народниот театар од Сомбор, рече дека атмосферата внатре во актерската екипа мошне позитивно влијаела врз нив како млади актери да го дадат најдоброто од себе.

–  Тука нема големи суети, ега што би ги притискале младите глумци. Некако сите даваат ветар во грб, те туркаат да бидеш најдобар. Тука секако голем придонес има и режисерката Ана, со нејзиниот пристап така што мислам дека направивме претстава што ќе ја задоволи публиката, рече Ристоски.

Директорот на Сомборскиот театар Михајло Несторовиќ, говорејќи за активностите на куќата истакна адуцираноста, пробирливоста на сомборската театарска публика наложува театарот на својот репертоар да поставува дела како на национални, така и на светски класици.

Со претставата „Многу врева за ништо“ Народниот театар од Сомбор утре ќе настапи и на „Шексировиот театар“ во Битола.

Би можело да ве интересира

„Охридско лето“ на годинешното Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација

Поповиќ: Со одобрените 30 милиони денари од Министерството за култура ќе реализираме квалитетна програма

Музичка вечер на „Охридско лето“ со концертот на професионалниот мешан хор „Про Арс“

Вечер на Украина во рамките на „Охридско лето“ со пијанистот Алексеј Ботвинов

Црногорскиот виртуоз на виолина Роман Симовиќ на „Охридско лето“

На „Охридско лето“ пијано рецитал на Френк Дупре и претставата „Ана Каренина“ на Театарот од Нови Сад

Предраг Петровиќ