Намален бројот на прикажани претстави и посетители во театрите и Филхармонијата

Од:

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот 2017/2018 година, вкупниот број прикажани претстави во професионалните театри е намален за 13,7 отсто, а бројот на посетителите е намален за 2,2 отсто во однос на периодот 2016/2017 година. Просечниот број на посетителите на една претстава изнесува 210.

Во периодот 2017/2018 година, во однос на периодот 2016/2017 година, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е зголемен за 16,2 отсто, а за 27,9 отсто е зголемен бројот на посетителите.

Бројот на прикажаните претстави во аматерските театри е намален за 45,5 отсто, а вкупниот број на посетителите е намален за 51,2 отсто.

Во периодот 2017/2018 година, во однос на периодот 2016/2017 година, бројот на концертите е зголемен, додека бројот на посетителите на Филхармонијата е намален.

Кај професионалниот ансамбл на народни игри и песни, во периодот 2017/2018 година, во споредба со 2016/2017 година, е забележано зголемување на бројот на самостојните приредби (концерти) и на бројот на посетителите, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија